КУМАНОВЕЦ ВЕЕЛ ЗНАМЕ НА ГОЛЕМА АЛБАНИЈА, ова е изречената казна

Vecer | 17.11.2026

КУМАНОВЕЦ ВЕЕЛ ЗНАМЕ НА ГОЛЕМА АЛБАНИЈА, ова е изречената казна
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

Деветнаесетгодишниот Арди Саити од Куманово е осуден на три месеци условна казна бидејќи на Денот на албанското знаме, во Куманово веел знамиња на „голема Албанија“ и на УЧК. Основниот суд Куманово, на 9 октомври 2026 година донел пресуда дека Саити е виновен за кривичното дело „Предизвикување омраза, раздор или нетрпеливост врз национална, расна и друга дискриминаторска основа“, согласно член 319 став 1 од Кривичниот законик.

Според пресудата, која самиот Саити ја објави на социјалните мрежи, „инцидентот се случил на 28 ноември 2025 година, околу 21.45 часот, на улицата „Трета МУБ“ во Куманово, со цел загрозување на сигурноста со умисла да предизвика омраза, раздор и нетрпеливост врз основа на етничка припадност и државјанство на начин што при движење на колона од околу 20 патнички моторни возила организирана по повод ден на албанското знаме, како сопатник во патничко моторно возило „форд“ преку прозорецот на возилото истакнал знаме на таканаречена „голема Албанија“, како и знаме на таканаречената УЧК, со што предизвикал внимание, вознемиреност и реакции кај присутните граѓани од други етнички заедници“ – се вели во пресудата.

Во пресудата се наведува дека одлуката е донесена врз основа на признание на вината од страна на обвинетиот, кој имал 18 години во времето на инцидентот и немал претходни осудителни пресуди.

По објавувањето на пресудата, Саити реагираше на социјалните мрежи со порака до Албанците.

„Драги Албанци, престанете да излегувате со знамиња или ќе завршите во затвор на условна казна“, напиша тој, објавувајќи фотографија од судската одлука.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk