logo
logo
logo

ОСУМ ЛУЃЕ И „ФРОНТЕКС“ ЗА ДА ПОМИНЕ НА ГРАНИЧЕН ПРЕМИН - Експерт не верува во верзијата на Михаилова

Vecer | 13.10.2026

ОСУМ ЛУЃЕ И „ФРОНТЕКС“ ЗА ДА ПОМИНЕ НА ГРАНИЧЕН ПРЕМИН - Експерт не верува во верзијата на Михаилова

Невозможно е да се премине границата како што тоа го тврди Ива Михаилова, изјави во емисијата „Колегиум“ аналитичарот Раби Седрак кој учествувал во многу проекти поврзани со границата и нејзиното обезбедување. Тој вели дека е невозможна мисија да се организираат најмалку 8 луѓе од двете страни на границата и во тоа да се вклучи и мисијата на „Фронтекс“ за  Михаилова да мине без патна исправа. Поверојатно, минала нелегално преку некоја од мигрантските рути, цени познавачот на состојбите на ова поле.

-Јас не верувам во приказната за нејзниот влез во Бугарија и премин преку граница. Поверојатно, тоа е мое лично мислење, таа влегла преку нелегални, односно неофицијални рути кои ги користат и мигрантите кои влегуваат дали преку Балканската или преку Медитеранската рута, затоа што вакво нешто е невозможно. За да се направи вакво нешто преку легален премин, ова е знаете организиран криминал. Ние тука зборуваме за нешто во кое ти треба да знаеш да оркестрираш помеѓу најмалку 4 луѓе од македонската страна и 4 од бугарската страна и Фронтекс да се договарат за да може да помине. Така да, таа дефинитивно поминала на нелегален начин, изјави Седрак во „Колегиум“ на ТВ Алфа.

Ива Михајлова од Кочани, за која во сила е активна судска забрана, нема евидентиран излез од територијата на Македонија, соопшти претходно Министерството за внатрешни работи кое извршило проверки во системот за гранична контрола.

МВР информира дека Михајлова, за која се објавува дека ја напуштила Македонија, во Бугарија влегла исто така нелегално.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk