logo
logo
logo

ЕДЕН ГРОМ И „ЕВЗОНИ“ ПАРАЛИЗИРАН, на „Богородица“ е ОК

Vecer | 24.06.2026

ЕДЕН ГРОМ И „ЕВЗОНИ“ ПАРАЛИЗИРАН, на „Богородица“ е ОК

Граничниот премин „Евзони“ на македонско-грчката граница се соочува со сериозни технички проблеми по удар од гром, кој предизвикал прекин на електричната енергија и го нарушил функционирањето на клучните системи на преминот.

Според објави во Фејсбук групата „Грчка инфо“, по невремето дошло до сериозни потешкотии во работата на преминот, при што патници јавуваат за долги задржувања и отежнат проток на сообраќај.

Како што се наведува, резервните агрегати што се користат како алтернативен извор на електрична енергија не се доволни за напојување на сите системи, што дополнително ја усложнува состојбата.

Граѓани кои вечерва треба да го користат преминот изразуваат загриженост поради неизвесноста и времетраењето на проблемите, особено поради зголемените колони и застојот.

Од надлежните служби во Грција засега нема официјални информации за обемот на дефектот и времето потребно за нормализирање на функционирањето на преминот.

Во последниве години, имаше пожар во Евзонија, потоа штрајк на земјоделците, сега молња. Да не зборуваме за ЕЕС. Таа граница треба да се укине“ - коментираат патниците.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk