ВЛАДАТА ЗА 4 ГОДИНИ ЌЕ ИСПЛАТИ ПОВЕЌЕ КАМАТИ ОТКОЛКУ ПРЕТХОДНАТА ЗА 7 Товарот што го притиска Буџетот е од стари долгови

Vecer | 19.11.2026

ВЛАДАТА ЗА 4 ГОДИНИ ЌЕ ИСПЛАТИ ПОВЕЌЕ КАМАТИ ОТКОЛКУ ПРЕТХОДНАТА ЗА 7 Товарот што го притиска Буџетот е од стари долгови
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Бојан Стојаноски изјави дека од 2024 до 2027 година за камати на државниот долг се предвидени 1,36 милијарди евра, што, според него, е 32 отсто повеќе отколку во периодот од 2017 до 2023 година.

Стојаноски, во објава на Фејсбук, наведе дека за камати во периодот од 2017 до 2023 година биле исплатени 1,03 милијарди евра, а за периодот од 2024 до 2027 година се предвидени 1,36 милијарди евра, според реализацијата и буџетските планови.

Тој посочи дека само во 2027 година се предвидени обврски од 405 милиони евра за камати, односно 62 милиони евра повеќе во однос на 2026 година. Според Стојаноски, тој износ е еквивалентен на 55,4 отсто од планираниот буџетски дефицит.

„И ова се само каматите. Без отплата на главнината!“, напиша Стојаноски, оценувајќи дека станува збор за товар врз буџетот и средствата што граѓаните треба да ги вратат.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk