logo
logo
logo

НОВА УЧЕБНА ГОДИНА, НОВ СИСТЕМ НА УЧЕБНИЦИ, Јаневска откри што е променето

Vecer | 12.08.2026

НОВА УЧЕБНА ГОДИНА, НОВ СИСТЕМ НА УЧЕБНИЦИ, Јаневска откри што е променето

Учениците ќе ја почнат новата учебна година со обезбедени учебници, а најголемиот дел од нивната дистрибуција веќе е завршена, изјави министерката за образование и наука Весна Јаневска.

Во интервју за телевизија Сител, Јаневска истакна дека Министерството презело мерки за подобрување на системот за издавање и дистрибуција на учебниците, меѓу кои и нова законска рамка со која учебникарството е префрлено кај издавачките куќи.

  • Дотогаш Министерството беше и печатница и учебникар, што беше тешко спроведливо и несоодветно. Сега тоа го префрливме кај издавачките куќи - нагласи Јаневска.

Таа посочи дека процесот е транспарентен, а сите документи се достапни на веб-страницата на Педагошката служба. Организирани биле и три онлајн семинари за училиштата за правилно спроведување на замената на старите и оштетени учебници.

Според Јаневска, во претходните години имало проблеми со дотраени и оштетени учебници поради несоодветно спроведување на процедурите, но очекува годинава тие да бидат надминати.

Таа додаде дека е зголемена свеста за одговорно користење на учебниците, а училиштата ќе добијат онолку примероци колку што ќе побараат. По извршените проверки, било потврдено дека дистрибуцијата на најголемиот дел од учебниците е завршена.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk