50-годишен скопјанец е откриен и казнет откако беше снимен како со камион истура градежен шут на зелена површина, а снимките беа објавени на социјалните мрежи, соопшти Министерството за внатрешни работи.
„На 30.10.2026 во Полициската станица од општа надлежност Карпош е повикан А.А.(50) од Скопје во врска со претходно објавени видеоснимки на социјалните мрежи на кои се гледа како машко лице со товарно возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки истура градежен шут на зелена површина“ соопшти МВР. По преземените мерки и активности, утврден е неговиот идентитетот, повикано е во полициска станица и со него е извршен службен разговор, по што заедно со инспекторат за животна средина при општина Карпош преземени се соодветни законски мерки“, велат од МВР.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата