logo
logo
logo

Радарите не простуваат

БРЗОТО ВОЗЕЊЕ СКАПО ГИ ЧИНИ ВОЗАЧИТЕ - 1.576 прекршоци за 7 дена

Vecer | 14.08.2026

БРЗОТО ВОЗЕЊЕ СКАПО ГИ ЧИНИ ВОЗАЧИТЕ - 1.576 прекршоци за 7 дена

Речиси 1.600 возачи за само седум дена возеле побрзо од дозволеното. Сообраќајната полиција открила вкупно 1.576 прекршоци при засилените контроли низ Македонија.

Акцијата се спроведувала од 3 до 9 август, во рамките на европската операција „Спид“, при што полицијата особено ги контролирала патиштата и локациите каде што брзото возење претставува зголемен ризик од сообраќајни незгоди.

Акцијата била дел од „ROADPOL Operation Speed“, координирана европска операција во која учествуваат сообраќајните полиции на земјите членки на РОАДПОЛ.

Полициските службеници континуирано ја мереле брзината на возилата. Посебно внимание било насочено кон патиштата и локациите каде што анализите покажуваат зголемен ризик од сообраќајни незгоди поради несоодветна брзина.

Од МВР велат дека акцијата е дел од активностите за намалување на бројот и на последиците од сообраќајните незгоди.

Контролите треба да придонесат и за поголема дисциплина и за побезбедни услови за сите учесници во сообраќајот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk