logo
logo
logo

ГРАНТ ОД ЕУ ЗА МАКЕДОНИЈА - Обезбедени половина милијарда евра за финишот на пругата кон Бугарија!

Vecer | 11.08.2026

ГРАНТ ОД ЕУ ЗА МАКЕДОНИЈА - Обезбедени половина милијарда евра за финишот на пругата кон Бугарија!

Македонија обезбеди целосна финансиска конструкција за изградбата на третата делница од источниот железнички крак на Коридорот 8 кон Бугарија. Проектот ќе биде финансиран со грант од 149,2 милиони евра и 350 милиони евра поволни кредити од Европската инвестициска банка и Европската банка за обнова и развој.

Според вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, грантот од 149,2 милиони евра е најголемиот што досега го добила државата и покрива околу 30 проценти од потребните средства за реализација на проектот.

Од вкупно 350 милиони евра кредитни средства, по 175 милиони евра се обезбедени од Европската инвестициска банка и Европската банка за обнова и развој.

Николоски посочи дека со обезбедувањето на средствата, потпишаниот договор со Бугарија и заложбата за изградба од двете страни, проектот за источниот крак на Коридорот 8 влегува во конкретна фаза на реализација.

Првата железничка делница од Коридорот 8 е завршена, додека изградбата на втората е во тек и, според најавите, треба да заврши до крајот на 2028 година.

Следниот чекор е избор на изведувач за третата делница. Николоски најави дека тоа треба да се случи до крајот на годинава, по што би започнала изградбата на последниот дел од пругата кон бугарската граница, вклучително и довршувањето на тунелот.

„Имаме 149,2 милиони евра грант, што е најголем грант што државата било кога го добила, или околу 30-тина проценти од вкупната сума која што е потребна. Имаме 350 милиони евра меки кредити, по 175 милиони евра од Европската инвестициска банка и Европската банка за обнова и развој“, истакна Николоски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk