logo
logo
logo

МАКЕДОНИЈА МЕЃУ ПРВИТЕ ПЕТ ДРЖАВИ ВО ЕВРОПА СПОРЕД РАСТОТ НА БДП, покажува „Евростат“

Vecer | 03.06.2026

МАКЕДОНИЈА МЕЃУ ПРВИТЕ ПЕТ ДРЖАВИ ВО ЕВРОПА СПОРЕД РАСТОТ НА БДП, покажува „Евростат“

Македонија забрзува и државата мора да оди напред. Покажуваме дека со скромни ресурси можеме да направиме многу и остануваме посветени на решавање на проблемите, враќање на долговите и решавање на нафтената криза, која е увезена. Обезбедуваме инвестиции и отвораме нови работни места. Ние мораме да обезбедиме напредок и да ги оставиме изговорите - изјави премиерот Христијан Мицкоски на денешната прес-конференција во Владата.

Според Евростат, посочи Мицкоски, дадени се државите според остварениот раст на БДП, бројка како процент од бруто-домашниот производ, и ќе забележите, рече, дека ние сме на петтото место во споредба со државите за кои растот од страна на Евростат е објавен.

- Има и такви за кои сè уште растот не е објавен, но ние практично се наоѓаме веднаш зад Малта, Полска, Србија. Значи, прва е Малта, па Полска, Србија и потоа доаѓа Македонија. ​На следната табела се наоѓа исто така остварениот резултат кога станува збор за раст на бруто-домашниот производ, но во случајот практично се усогласени параметрите и тука гледате повторно ја имаме Данска, Малта, Полска, па ние, па Србија - рече Мицкоски.

Тој истакна дека ако се анализираат двете табели што ги објавува Евростат, ќе дојдеме до заклучок дека седмиот квартал по ред, повторно откако се консолидирани институциите, остваруваме како Влада раст на БДП, кој се наоѓа најпрвин во првата половина во Европа, а потоа и во првите пет земји во Европа според Евростат.

Потсети дека ова не е показател што го објавува Владата, туку ова е параметар што го објавува Евростат.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk