logo
logo
logo

ВЛАДАТА ГАРАНТИРА СТАБИЛНА ЦЕНА НА СТРУЈАТА ДО ДЕКЕМВРИ

Vecer | 16.10.2026

ВЛАДАТА ГАРАНТИРА СТАБИЛНА ЦЕНА НА СТРУЈАТА ДО ДЕКЕМВРИ

Цената на електричната енергија до крајот на годината ќе остане иста, а Владата ќе се бори таа да остане иста и од 1 јануари – изјави денеска претседателот на Владата Христијан Мицкоски.

– Приоритет на оваа влада е да ја одржи енергетската стабилност. Ние тоа го правиме во услови на најголема енергетска криза во светот која што човештвото ја памети. Секаде во регионот и во Европа цените на енергенсите пробиваат рекорди. Веќе имаме држави во Европа каде што цената на дизелот и безоловниот е поголема од 3 евра по литар. Ние сè уште сме под 1,6 евра по литар, благодарение на политиките на Владата. Во таа насока планираме да продолжиме и кога станува збор за електрична енергија. Се бориме и она кое што е наш приоритет да остане цената иста, да нема зголемување. Тоа впрочем го правиме во три регулаторни периоди. АД ЕСМ не е единствена којшто бара нивелирање на цени, тука се уште неколку компании, тука е операторот, тука е дистрибутерот, тоа е приватна компанија ЕВН. Можеби треба и нив да ги прашате како тие ќе се однесуваат – изјави Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање по отворањето на ново основно училиште во Ченто.

Премиерот не се согласува со ставот дека цената на струјата најмногу зависи од ЕСМ. Одговори дека нема да се понуди помала цена од 65 евра.

– Не, во овие услови какви што се денеска на берзите и 65 е трипати пониска од таа што ја плаќаат во соседството и граѓаните во Европа – изјави премиерот.

Мицкоски беше дециден дека Владата ќе се бори да ја постигне истата цена, дека до декември цената на електричната енергија нема да се зголемува.

– Од 1 јануари да почекаме што ќе кажат енергетските компании, па ќе видиме. Јас не можам да ја прејудицирам одлуката на Регулаторната комисија – рече премиерот.

Премиерот кажа исто така и дека не се планираат измени во тарифните блокови за електрична енергија.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk