logo
logo
logo

ЧИЈ МЕРЦЕДЕС НОЌЕСКА ИЗГОРЕ ВО АЕРОДРОМ?

Vecer | 16.10.2026

ЧИЈ МЕРЦЕДЕС НОЌЕСКА ИЗГОРЕ ВО АЕРОДРОМ?

Два одделни пожари на автомобили биле регистрирани во Скопје во текот на ноќта меѓу 14 и 15 октомври, при што огнот зафатил вкупно четири возила во општините Ѓорче Петров и Аеродром. За среќа, во двата инцидента нема повредени лица.

Првиот случај бил пријавен на 14 октомври, околу 22:35 часот, во Ѓорче Петров. Таму избувнал пожар во кој биле зафатени автомобил „пежо“, сопственост на 28-годишниот Б.А. од Скопје, и возило „рено“, сопственост на 47-годишниот М.Н., исто така од Скопје.

Неколку часа подоцна, на 15 октомври, околу 02:55 часот, пожар избувнал и во општина Аеродром. Во овој инцидент целосно изгорел автомобил „мерцедес“, сопственост на правно лице, кој бил паркиран од 43-годишниот С.Т. од Скопје. Огнот зафатил и автомобил „опел астра“, сопственост на 43-годишниот И.Р.

Во двата случаи интервенирала Бригадата за противпожарна заштита – Скопје, чии екипи се справувале со огнот.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на двата случаи и утврдување на околностите под кои избувнале пожарите.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk