Македонските граѓани наскоро добиваат дигитален пристап до сопствените лични документи на своите паметни телефони – апликацијата „м. Услуги“ влегува во завршна фаза на тестирање и официјално ќе биде промовирана на 28 октомври, најави министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски.
Гостувајќи во Дневникот на Македонската телевизија, Андоновски истакна дека новата апликација претставува прв историски чекор кон воведување на целосен дигитален паричник во земјата. Таа ќе биде целосно бесплатна за преземање и користење од „Гугл плеј“ и „Епл“ сторителите, а нејзината инсталација ќе биде на доброволна база за секој граѓанин.
– Со едноставно внесување на личните податоци, од „Услуги.мк“ ќе се повлечат податоците, а со внесување на бројот на личната карта ќе се повлече и личната карта. Станува збор за целосно безбедна апликација преку која граѓаните во секое време на мобилниот телефон ќе ги имаат своите лични документи, појасни министерот.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата