logo
logo
logo

Сејф сити“ ги стигна и странските возачи

„ЛЕТАЛЕ“ ПО МАКЕДОНСКИТЕ ПАТИШТА, ПА ГИ ПРЕЧЕКА СМЕТКАТА НА ТАБАНОВЦЕ

Vecer | 19.08.2026

„ЛЕТАЛЕ“ ПО МАКЕДОНСКИТЕ ПАТИШТА, ПА ГИ ПРЕЧЕКА СМЕТКАТА НА ТАБАНОВЦЕ

Казните од системот „Сејф сити“ стигнаа и до странските возачи – на граничниот премин Табановце денеска се создаваат редици од возачи кои пред да ја напуштат земјава мораат да ги платат глобите за сообраќајни прекршоци регистрирани од камерите. Возачите кои „летале“ по македонските патишта, сега се соочуваат со непланиран трошок на граница, а од МВР јасно порачаа дека системот не прави разлика според регистарските таблички.

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски неодамна посочи дека „Сејф сити“ ќе ги санкционира сите возачи кои ги прекршуваат сообраќајните правила на делниците покриени со камерите, без разлика дали се работи за домашни или странски возила. Пораката е јасна – кој ќе вози пребрзо низ Македонија, казната може да го стигне токму на граница.

Кога беше воведен системот „Безбеден град“ на почетокот на годнава беше истакнато дека странските возила кои ќе направат сообраќаен прекршок нема да бидат задржани при излез од државата, но возачите ќе добијат официјално известување дека нема да можат повторно да влезат на македонските граници доколку не ја подмират казната.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk