Вирусот Зика е болест што се пренесува преку комарци, првенствено пренесувана од комарци од родот Aedes кои касаат преку ден. Иако инфекциите обично предизвикуваат благи или никакви симптоми кај возрасните, вирусот е голема загриженост за бременоста бидејќи може да предизвика сериозни вродени дефекти, вклучително и микроцефалија.
Во моментов, не постои вакцина или специфичен антивирусен третман. Ширењето e преку заразени комарци од родот Aedes aegypti и Aedes albopictus. Може да се пренесува сексуално, како и да се пренесува од бремена жена на нејзиниот фетус.
Ендемски е присутен во делови од Африка, Азија, Централна и Јужна Америка, Карибите и Тихоокеанските Острови. Не е ендемски во Велика Британија или други области каде што комарците од родот Aedes не можат да преживеат. Повеќето луѓе заразени со вирусот Зика воопшто не развиваат никакви симптоми. Кај оние кои развиваат, симптомите се обично краткотрајни (траат од 2 до 7 дена) и обично започнуваат од 3 до 14 дена по каснувањето.

Македонски државјанин кој летувал на Малдиви е позитивен на зика вирусот, информира Институтот за јавно здравје. Од таму информираат дека ова е прв регистриран случај на Зика вирусна инфекција во Македонија и иако станува збор за импортиран случај, поради интензивниот меѓунаредон транспорт и се поголемите трендови за патувања во тропски туристички дестинации како Малдивите, Тајланд, Индонезија, Бразил, Карипскиот регион и други подрачја каде што има документирана циркулација на вирусот Зика, предизвикани од каснувања од азиски тигрест комарец, реално постои можност за појава на нови импортирани случаи.
Пациентот не бил хоспитализиран, пратен на домашно лекување и во моментот е во добра општа состојба. Европскиот центар за превенција и контрола на болести (ECDC) континуирано регистрира патнички асоцирани случаи на Зика кај лица кои се инфицирале за време на престој во ендемски подрачја.
Постои можност за понатамошно пријавување на нови случаи во периодот на активност на комарците за лицата кои патуваат во зафатените региони и ризикот за овие лица се проценува како низок до среден. Ризикот за населението во земјата во моментов се оценува како низок.
Од ИЈЗ советуваат дека ризикот може значително да се намали со спроведување на препорачаните превентивни мерки за заштита од убоди од комарци и придржувањето кон препорачаните превентивните мерки и совети.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата