logo
logo
logo

„НЕМА ПРОСТОР ЗА ГРИЖА, ДАТА-ЦЕНТРИТЕ ЌЕ СЕ ГРАДАТ, ТОА Е ИДНИНАТА“

Vecer | 28.08.2026

„НЕМА ПРОСТОР ЗА ГРИЖА, ДАТА-ЦЕНТРИТЕ ЌЕ СЕ ГРАДАТ, ТОА Е ИДНИНАТА“

Дата-центрите ќе се градат според Националната стратегија, ова е пораката која ја испрати премиерот Христијан Мицкоски околу дебатите за или против за нивна изградба на територијата на Македонија. Како што вели, додека е тој премиер ќе ја развива државата и мора да се фати чекор со технологијата. Еден од тие чекори, според него е изградба на дата-центри, кои како што вели, се иднината на човештвото.

Дата-центрите ќе се градат според законски услови и места каде што има услови оваа индустрија да се развија. На прашањето дали има потреба од загриженост за евентуално уништување на природните ресурси и животната средина, Мицкоски со одговор:

-Апсолутно не и ќе се градат дата-центри согласно Националната стратегија, затоа што повторно ќе кажам, тоа е иднината на човештвото, човештвото се движи во таа насока. Минатата година, 2025 или 2024 не ме држете за збор, Франција има 68 милијарди евра инвестиции во дата-центри. БДП на САД е врз основа на вештачката интелегенција и дата-центрите. Да не е тоа, тие ќе бидат во рецесија и банкрот. Сите ние сега треба да одлучиме, дали ќе влеземе во политичко мочуриште на опозцијата која не се разбира и која што испраќа вести кои што немаат никаква врска со реалноста или ќе го фатиме чекорот со правецот во кој што се движи човештвото, изјави премиерот Христијан Мицкоски.

Од друга страна, опозицијата повторно критикува и е против изградба на дата-центрите. Според СДСМ, Македонија нема стабилен енергетски систем за вакво нешто.

-Македонија нема стабилен енергетски систем за Мицкоски однапред да ветува државни ресурси без јавноста да знае колку ќе чини тоа и кој ќе ја плати сметката. Ова не е стратегија за развој туку опасно коцкање со водата, струјата и земјата на граѓаните. СДСМ нема ништо против инвестиции кои носат развој, работни места и нови технологии. Но, инвестициите мора да бидат во интерес на Македонија, а не ресурсите на Македонија да се ставаат во функција на туѓи профити, велат од СДСМ.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk