logo
logo
logo

ДРАМА ВО ЦЕНТАРОТ НА СКОПЈЕ - Двајца минувачи спасија жена од Вардар

Vecer | 07.08.2026

ДРАМА ВО ЦЕНТАРОТ НА СКОПЈЕ - Двајца минувачи спасија жена од Вардар

Брза и храбра реакција на двајца случајни минувачи денеска придонесе за успешно спасување на жена од Вардар кај Камениот мост во центарот на Скопје.

Жената, на возраст од околу 50 години, била пренесена во Ургентниот центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде ѝ била укажана лекарска помош.

На местото пристигнале две екипи на интервентната полиција, една екипа на „алфа“ и екипа на Итната медицинска помош.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk