logo
logo
logo

62- годишна жена од Солун направила стапица за измамници- вчера фатила двајца

Vecer | 13.10.2026

62- годишна жена од Солун направила стапица за измамници- вчера фатила двајца

Според полициското соопштение, 38-годишникот претходно ја повикал потенцијалната жртва по телефон и, претставувајќи се како сметководител, ја замолил да подготви готовина и вредни предмети за наводно да избегне казна од даночните власти, објавува порталот Kathimerini.gr..

Сепак, 62-годишната сфатила дека станува збор за измама и ја известила Единицата за сузбивање и истрага на криминалот во Харилу-Аналипсеос. Полицајците ја следеле до претходно договореното место за средба, каде што жената пристигнала за да им предаде 4.500 евра во готово и десет златници на наводните измамници.

Двете лица беа уапсени во патничко возило во кое ја чекале 62-годишната жена. Тие се обиделе да избегаат штом ја забележале полицијата, но не успеале.

Полициската истрага откри дека 38-годишникот наводно бил вмешан во најмалку два други слични случаи - едниот во Сикија, а другиот во Агиос Атанасиос. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk