logo
logo
logo

НОВО НАМАЛУВАЊЕ НА ДИЗЕЛОТ: Владата и „Окта“ постигнаа договор за дополнителен попуст од два денари за трговците

Vecer | 20.10.2026

НОВО НАМАЛУВАЊЕ НА ДИЗЕЛОТ: Владата и „Окта“ постигнаа договор за дополнителен попуст од два денари за трговците

Постигнат е договор помеѓу Владата и компанијата Окта за дополнително намалување на цената на дизелот.

Како што соопштија од Окта, од денеска, па се до 2 ноември на сила ќе биде попуст од два денари за дизел гориво за испораките до трговците на мало и големо.

Од компанијата посочуваат дека целта е да се ублажи влијанието на нестабилноста на меѓународните пазари на горива.

Сепак, конечните малопродажни цени и понатаму самостојно ќе ги утврдуваат трговците со горива.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk