НАЈВИСОКА ОЦЕНКА ОД БРИСЕЛ - Монетарната политика на НБ целосно усогласена со европските стандарди

Vecer | 06.05.2026

НАЈВИСОКА ОЦЕНКА ОД БРИСЕЛ - Монетарната политика на НБ целосно усогласена со европските стандарди
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

Монетарната политика на Народната банка (НБ) е оценета како целосно усогласена со препораките од европските институции, што претставува највисока оценка во делот на економските политики.

Ова беше посочено во рамките на редовниот економски и финансиски дијалог помеѓу Европската Унија и земјите регионални партнери од Западен Балкан, Турција, Молдавија и Украина, којшто се одржа во Брисел, информираат од НБ.

На дијалогот, посочуваат, учествуваше вицегувернерот на Народната банка, Игор Величковски, кој нагласи дека ваквите оценки ја потврдуваат соодветната поставеност на монетарната политика насочена кон одржување на ценовната и стабилноста на девизниот курс во услови на зголемена глобална неизвесност.

-И покрај неизвесното и променливо надворешно окружување, домашната економија останува релативно отпорна. Народната банка води претпазлива монетарна политика, фокусирана на натамошно намалување на инфлацијата и стабилизирање на инфлациските очекувања, при истовремено одржување стабилен девизен курс - истакнал Величковски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk