Македонија се најде на 52-ТО место според Индексот на просперитет за оваа година кој го изработува објавува Атлантскиот совет.
Според Атлантскиот совет, овој индекс не го разгледува БДП-то на една земја, туку ги зема предвид здравството, образованието, социјалната еднаквост, положбата на малцинствата и заштитата на животната средина. Вистинскиот квалитет на живот е во фокусот.
Просперитетни земји, според овој индекс, не се оние со силна економија, туку оние кои успеваат да го претворат богатството во висок животен стандард и да одржуваат стабилни институции во корист на населението.
Пред нас на листата за просперитет се Словенија (10), Грција (33) и Хрватска (36), а зад нас се Цена Гора (53) Бугарија (54 ), Србија (57) Албанија (64) и Босна и Херцеговина (87).
Најпросперитетна земја во светот е Норвешка. Зад неа се Исланд и Данска.
Интересно е што развиените земји не се и најпросперитетни земји. САД , на пример, се на 38-то место, а Сингапур на 18 -то место.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата