logo
logo
logo

ПОСТАВЕН Е НОВ БИЛБОРД НА ВЛЕЗОТ ВО СКОПЈЕ, претходниот е сменет по само 48 часа

Vecer | 19.07.2026

ПОСТАВЕН Е НОВ БИЛБОРД НА ВЛЕЗОТ ВО СКОПЈЕ, претходниот е сменет по само 48 часа

По бројните реакции во јавноста за билбордот на влезот во Скопје, градоначалникот Орце Ѓорѓиевски соопшти дека е поставен нов знак, а трошоците за неговата изработка и корекција ќе ги сноси компанијата што го изработила.

Во објава на Фејсбук, Ѓорѓиевски порача дека „кој работи и греши“, додавајќи дека го радува што, според него, најголемиот проблем во Скопје е печатена грешка.

„Тоа е така затоа што јас и мојот тим го слушаме гласот на граѓаните и ги решаваме нивните проблеми. Веќе нема заборавени маала и населби, работиме посветено и чесно во служба на граѓаните“, напиша градоначалникот.

Тој ја обвини опозицијата дека „нема ниедна сериозна тема“ и се занимава со „ниски страсти“, додавајќи дека ако „најголемиот грев е печатена грешка, тогаш сме на одличен пат“.

Ѓорѓиевски посочи и дека претходниот знак „Добредојде во Скопје“ со години бил руиниран и не бил заменет.

Печатената грешка веќе е коригирана, а Скопје доби нов знак како што доликува. И за да нема дилеми, корекцијата градот не го чини ништо и трошоците се на компанијата-изработувач која го постави преку ЈП „Улици и патишта“, наведува градоначалникот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk