Предложени парцијални измени на КЗ препорачани од Moneyval и Совет на Европа

Да се намалат ризиците поврзани со членството во СЕПА - ПОСТРОГИ ОДРЕДБИ ПРОТИВ ФИНАСИРАЊЕ ТЕРОРИЗАМ, ПЕРЕЊЕ ПАРИ И КОНФИСКАЦИЈА

Vecer | 10.11.2026

Да се намалат ризиците поврзани со членството во СЕПА - ПОСТРОГИ ОДРЕДБИ ПРОТИВ ФИНАСИРАЊЕ ТЕРОРИЗАМ, ПЕРЕЊЕ ПАРИ И КОНФИСКАЦИЈА
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

Измените на Кривичниот законик што се разгледуваат во Собранието имаат цел да ги намалат ризиците поврзани со членството на Македонија во СЕПА, единствената европска платежна зона, изјави денеска пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски.

Новиот Кривичен законик, на кој се работи одделно од овие измени денеска ќе биде испратен до Европската комисија за мислење, најави Милошоски.

Предложените измени се на дневниот ред на 129. собраниска седница и треба да бидат донесени по скратена постапка.  Точката помина со 65 гласа за, без против и без воздржани.

Милошоски нагласи дека станува збор за ограничена интервенција во постојниот закон, додека паралелно се подготвува нов Кривичен законик.

– Измените се однесуваат само на една цел, а тоа е да се намалат ризиците поврзани со членството на Македонија во СЕПА, во единствената европска платежна зона, што веќе е остварено пред една година и е многу корисно за македонските стопанственици и за граѓаните бидејќи обезбедува брзо и поекономично тргување со сите земји – членки на ЕУ и со земјите – членки на Европската економска област – рече Милошоски.

Предлогот произлегува од оценката на системот за спречување перење пари и финансирање тероризам, направена во 2023 година од комитетот Манивал при Советот на Европа. Целта е домашното законодавство да се усогласи со препораките на меѓународната Група за финансиска акција (ФАТФ).

– Инаку, препораката за овие измени е дадена уште во мај 2023 година од експертската група Moneyval за спречување перење пари и финансирање тероризам при Советот на Европа – додаде пратеникот.

Со интервенциите треба да се зајакнат законските одредби што се однесуваат на конфискацијата на имот, на финансирањето тероризам и на кривичното дело перење пари.

Милошоски побара поддршка од сите пратеници за предложените измени. Точката помина со 65 гласа за, без против и без воздржани.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk