logo
logo
logo

БРЗО СПРЕЧЕНА ЕКСПЛОЗИЈА, ГОРЕЛЕ ИНСТАЛАЦИИ ЗА МЕТАН во пречистителната станица во Мојанци

Vecer | 13.03.2026

БРЗО СПРЕЧЕНА ЕКСПЛОЗИЈА, ГОРЕЛЕ ИНСТАЛАЦИИ ЗА МЕТАН во пречистителната станица во Мојанци

Пожар избувна синоќа во прочистителната станица за отпадни води во селото Мојанци. Според информации од ТППЕ од Кочани, огнот се појавил на инсталација од системот за пренос на метан, при што се запалиле цевки од системот. Ова се случило околу 20:30 часот.

– Добивме дојава за пожар во прочистителната станица во Мојанци и веднаш интервениравме со четири возила и осум пожарникари. Со нас беше и возило од ДПД . Пожарот од наша страна брзо е локализиран и изгаснат. Беше запален и зафатен дел од прочистувањето на метанот, но сега веќе нема опасност. Фабриката продолжува да работи – изјави доцна синоќа, Драган Апостолов, командир на кочанската ТППЕ.

Предизвикана е само материјална штета, причините за пожарот допрва ќе се утврдуваат.

Брзата реакција на кочанските пожарникари спречила проширување на огнот во балонот каде што се собира метанот и евентуална негово експлодирање.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk