logo
logo
logo

ЕВЕ КАКО ЗАЕВ, ФИЛИПЧЕ... ЈА ПРОДАДОА НАЦИЈАТА: Македонија има понеизивесно минато отколку неизвесна иднина

Vecer | 01.10.2026

ЕВЕ КАКО ЗАЕВ, ФИЛИПЧЕ... ЈА ПРОДАДОА НАЦИЈАТА: Македонија има понеизивесно минато отколку неизвесна иднина

Луѓето не читаат, некои луѓе не веруваат, а трети ценат ʼод окоʼ во што е фрлена Македонија од Зоран Заев, Венко Филипче, Никола Димитров и Бујар Османи.

Па, еве што пишува во Преспанскиот и во Договорот на Заев и бандата со Бугарија.

Накусо, потпишано е дека можеме со причина да ја очекуваме судбината на Курдите, Палестинците, Бедуините… народи без свои матични држави. Ја гледате нивната судбина секој ден на порали, на вести и се прашувате - зошто?

Затоа што во некое претходно време и тие имале некој свој Зоран Заев, Венко Филипче, Никола Димитров и Бујар Османи... кои секако не бесплатно и секако не во замена за карира ја продале нацијата. Се потоа е црна историја.

Македонија има понеизвесно минато отколку неизвесна иднина.

Илија не потсети:

За Цар Самуил, бељата е дома, не треба да се лутиме на други.

Погубните договори ја наплаќаат цената.

Погледнете подолу.

Според Преспански договор, беше договорено, цитирам:

Страните прифаќаат дека нивното односно разбирање на термините „Македонија“ и „македонски“ се однесува на различен историски контекст и културно наследство. Во однос на Првата страна (се мисли на Грција), овие термини ја означуваат не само областа и народот во северниот регион на Првата страна, туку и нивните одлики, како и елинската цивилизација, историја, култура и НАСЛЕДСТВОТО НА ТОЈ РЕГИОН ОД АНТИКА ДО ДЕНЕШЕН ДЕН.

Според протоколите со Бугарија, следното е договорено, цитирам: Цар Самоил е владетел на голема средновековна држава, која што поголемиот дел од современата историска наука ја смета за БУГАРСКО ЦАРСТВО СО ЦЕНТАР ВО ТЕРИТОРИЈАТА НА ДЕНЕШНА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА.

Со првиот документ, со Преспанскиот договор, ние сме се откажале од било какво наследство од територијата на егејска Македонија, а со оглед на фактот дека веројатните посмртни остатоци на Цар Самуил беа најдени и се чуваа таму, тогаш немаме формален начин како да се спротиставиме или реагираме на одлуката на Грција.

Со вториот документ, Протокол од првиот состанок на Заедничката меѓувладина комисија, од 10 јуни 2019 година, ние веќе сме дале признание кон Бугарија дека современата наука државата на Цар Самуил ја знае за Бугарско царство.

И трансферот на посмртните остатоци и именувањето на Цар Самуил на неговиот нов надгробен споменик имаат формална верификација и потврда од македонска страна со погубните договори од минатото.

Потписник на двата документи од македонска страна е ист човек, во време на иста Влада предводена од ист еден Премиер и поддржана од исто коалиционо мнозинство во Собранието.

П.С. Да ве потсетам дека сум ви кажал дека и черепот на Свети Климент е во Грција, во егејска Македонија, во еден убав манастир покрај Бер. И да ве потсетам дека за време на силувањето на Собранието за да се донесе Преспанскиот договор на седница на комисија ви ги зборував овие факти и ви кажував дека ќе се случи катастрофа. Но тогаш не слушавте, се заканувавте, нарачувате прогони и пиевте црвено винце.

П.П.С. Македонија живеела и во потешки времиња, затоа не треба да ја загубиме надежта и идејата за слобода. За почеток е доволно јасно да кажеме дека овие договори се наметнати со насилство и со уцена и дека се спротивни на волјата на македонскиот народ, а историјата ќе си ги среди другите работи. Прикажи мање

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk