ЗАТВОРОТ ЌЕ ПОЧЕКА - Судот го прифати барањето од Јакимовски за одлагање на казната

Vecer | 30.06.2026

ЗАТВОРОТ ЌЕ ПОЧЕКА - Судот го прифати барањето од Јакимовски за одлагање на казната
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

Се одлага почетокот на издржувањето на затворската казна на поранешниот градоначалник на Карпош Стевчо Јакимовски, кој од здравствени причини го побарал тоа уште на 12 јуни.

Основниот кривичен суд Скопје му излегол во пресрет и судијата за санкции му го прифатил барањето, но на барањата за проверка за моменталната здравствена состојба на Јакимовски, лекарите од двете приватни здравствени институции што тој ги навел, не му одговараат на Судот.

На 26 јуни (петок), дури и судијата испратил ургенција. Мора да ги види тие извештаи, за да одлучи судијата дали и за кога би го поместил почетокот на отслужувањето на казната. Влегувањето во затвор всушност е одложено до донесувањето на одлуката.

Јакимовски е правосилно осуден на година дена затвор, за незаконска изградба на општинската зграда. Му се пресметуваат и петте месеци поминати во куќен притвор.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk