logo
logo
logo

Eкономијата со нов замaец

ЕКОНОМИЈАТА РАСТЕ И ВО ВРЕМЕ НА ГЛОБАЛНА КРИЗА: Мицкоски најавува до 4 отсто раст на БДП

Vecer | 05.09.2026

ЕКОНОМИЈАТА РАСТЕ И ВО ВРЕМЕ НА ГЛОБАЛНА КРИЗА: Мицкоски најавува до 4 отсто раст на БДП

Македонската економија годинава би можела да оствари раст на БДП меѓу 3,5 и 4 проценти, очекува премиерот Христијан Мицкоски, оценувајќи дека позитивниот тренд се одвива и покрај глобалната енергетска криза. Мицкоски, одговарајќи на новинарски прашања по пуштањето во употреба на реконструираната Стара чаршија во Гевгелија, истакна дека економската активност покажува тренд на консолидирање на државата, особено ако се спореди со состојбата пред три години.

-Во вториот квартал има исклучително силна економска активност во Македонија. Убедливо најголема во регионот. Сѐ уште не се познати податоците за Грција, Косово и Албанија, но споредено со сите држави во регионот, од Турција преку Бугарија, Романија, Србија, БиХ, Црна Гора, Хрватска и така натаму, имаме убедливо најголем раст, и не само во вториот квартал, туку и во првото полугодие од годината – изјави Мицкоски.

Според Мицкоски, овие резултати се постигнати во сложени глобални услови, додека светот се соочува со енергетска и економска криза, и Европската Унија бележи раст од 1,2%, а еврозоната од само 1%.

- 2024 година ја завршивме со раст на бруто-домашниот производ од отприлика 3%, 2025 година 3,5%, оваа година во првата половина сме 3,7%, очекуваме годината да ја завршиме меѓу 3,5 и 4% во услови кога ја имаме во светот најголемата енергетска криза којашто ја памети човештвото, војната во Украина, но и сѐ поголемата економска криза во Европа и тоа мислам дека претставува навистина добар и позитивен резултат – изјави Мицкоски.

Мицкоски нагласи дека Владата дава максимални напори за решавање на наследените проблеми и дека по 25-26 месеци напорна работа Македонија е значително подобро место за живеење.

-Ќе повторам, дали е сѐ решено? Не е решено. Дали ќе се решава? Ќе се решава. Важно е да не правиме нови проблеми. И верувам и убеден сум дека денес Македонија е многу подобро место за живеење од пред три години, дека идеално не е идеално, и убеден сум дека за три години ќе биде многу подобро место за живеење од тоа што е денес – изјави Мицкоски, пренесува МИА.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk