logo
logo
logo

УСТАВНИОТ СУД ГО ПРОБИВА ДНОТО

Цветанка Иванова од СДСМ оди за уставен судија?!

Vecer | 07.06.2021

Цветанка Иванова од СДСМ оди за уставен судија?!

Од собраниски извори Вечер.мк дознава дека актуелната генерална секретарка во Собранието Цветанка Иванова, е предложена за избор од Собранието за уставен судија со 9 годишен мандат.

Цветанка Иванова, пратеник на СДСМ и државен службеник –раководител на одделние за човечки ресурси во општина Струмица, е без еден ден поминат стаж како судија, јавен обвинител, со ниту еден напишан стручен труд на било која тема од правната област.

Според приложеното во Собрание,  единствена квалификација за уставен судија на Иванова и е долгиот партиски стаж во СДСМ.

Иванова за Вечер.мк, вели дека е изненадена од можноста да биде номинирана за Уставен судија.

- Се уште нема конечна информација околу номинациите, ниту некој ме комуницирал, ниту ми кажал. Навистина не знам дали сум и дали ќе бидам номинирана. Што се однесува до квалификациите, 40 години сум правник, сум работела на различни позиции, вели Цветанова за Вечер.мк.

Правните експерти кои ги консултиравме коментираат дека изборот на Цветанка Иванова, од државен службеник за уставен судија, ќе значи тежок удар врз независноста на Уставниот суд и  брутална партизација на истиот.

Нашите екперти наведуваат дека истакнат правник би се сметала Проф Рената Дескоска, професор по уставно право, а не Цветанка Иванова.

Познавачите коментираат дека и по овој избор на Цветанка Иванова јасно ја покажува намерата на Заев и СДСМ да го стават под целосна контрола Уставниот суд и додаваат дека со овој избор Уставниот суд ќе го добие убедливо најслабиот судија во неговото постоење.

Ако стручната јавност ги памети врвничките правни умови кои биле дел од Уставниот суд, како што се професорите Асен Групче, Тодор Џунов, Милан Недков и други, изборот на Иванова за уставен судија е мајтапење со оваа институција коментираат експертите.

Оттука, се смета дека нејзиното предложување и намерата за изгласување е по лична интервенција на претседателот на СДСМ, Зоран Заев.

 

Свекрва и снаа избрани за судијки во една година

За името на Цветанка Иванова се поврзуваат голем број на скандали од лукративна природа и  непотизам.  Имено, на претходниот конкурс за прием во Академија за судии и јавни обвинители беше примена и снаата од син на Цветанка Иванова, Билјана Иванова, претходно вработена во ЈП Комуналец- Струмица.

Тогаш медиумите пишуваа дека токму позицијата на Цветанка Иванова и овозможило влез во Академијата на нејзината снаа.

Очигледно дека семејството Иванови се привилегирани државни службеници кои со леснотија во време на СДСМ се транформираат во судии.

Милионски тендери  и за синот на Цветанка Иванова

Освен во амбициите за судии,  семејството Иванови се и бизнис партнери на семејството на Заев.

Имено синот на генералниот секретар на Собранието од редовите на СДСМ – Цветанка Иванова, Зоран Иванов, сопственик на  фирмата „ДИКОР ЦД“ ДООЕЛ Струмица, а воедно и бизнис партнер на Трајче Заев во фирмата „ОМНИ ГРАДБА“ ДОО Струмица која се занимава со градежништво добил тендер од Јавното претпријатие за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта во висина од 300.000 евра  со одлука за избор е донесена на 08.11.2019 година. Линк.

 

Уставен судија љубител на егзотични патувања

Цветанка Иванова си се почастила со егзотично патување, ни помалку ни повеќе на сафари во Кенија.

Медиумите своевремено пишуваа дека  службеното патување на Иванова во Кенија, во друштво со тогашните пратенички Јагода Шахпаска и Лилјана Поповска ги чинело граѓаните околу 2000 евра само за патни трошоци.

Тогаш Иванова беше на мета на медуимите затоа што не беше споделена инфромација за нејзиното патување, а било период на интензивна работа во Собранието.

 

Благодарница од СДСМ за уставен судија

Истиот месец, ноември 2019,  кога Цветанка Иванова била на службен пат во Кенија, претседателката на Форумот на жени на СДСМ за нивното 20 годишно постоење и доделил благодарница за нејзиниот ангажман во партиските структури на партијата.

Дали оваа благодарница за Иванова ќе и послужи при нејзината апликација за уставен судија и ќе и го обезбеди високиот морален и професионален интегритет што го бара позицијата уставен судија оценете сами.

Од приложеното портфолио на Иванова, дилемата која ја поставува јавноста е дали семејно-бизнис релациите на Иванови-Заев се пресудни државен службеник да биде уставен судија, нејзината снаа судија во Академијата за судии, а синот да добива милионски тендери.

 

И претседателката на Судски совет избрана без ден судски стаж

Павлина Црвенковска е нова претседателка на Судскиот совет. Таа  едногласно беше избрана да го наследи Киро Здравев, кому мандатот му заврши.

Црвенковска е најнов член на Судскиот совет, Собранието ја избра во декември лани.

Од 2006 до 2020 таа работеше како судски советник во Скопска апелација.

Претходно, беше советничка во кабинетот на Владо Бучковски, додека тој беше премиер во владата на СДСМ и на ДУИ (2004-2006 година), а исто така била и раководителка на одделение во Министерството за одбрана, додека Бучковски беше министер (2002 – 2004 година).

Има искуство и како адвокатка и приправничка во Кривичниот суд.

Мандатот на новата претседателка, според закон, е две години.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk