Премиерот Христијан Мицкоски оствари тет-а-тет средба со српскиот премиер Ѓуро Мацут, на која во фокус биле економската соработка, инфраструктурата и други теми од заеднички интерес за двете земји.
Како што инфомира Мицкоски, на сребата биле разменети мислења за клучни прашања кои ги поврзуваат двете земји, со акцент на можностите за унапредување на соработката меѓу Македонија иСрбија .
„Во отворен и конструктивен разговор разменивме мислења за актуелните регионални предизвици, можностите за продлабочување на билатералната соработка, економските односи, инфраструктурното поврзување и заедничките иницијативи што ќе придонесат за поголем развој и просперитет на двете држави“, објави македонскиот премиер.

На средбата била потврдена и заложбата за понатамошно развивање на односите меѓу Скопје и Белград.
„Ја потврдивме заедничката определба за натамошно унапредување на пријателските односи, засновани на меѓусебна почит, добрососедска соработка и заеднички интерес за стабилен и просперитетен регион“, додаде Мицкоски.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата