Градоначалникот се напи вода од чешма

НЕМА БАКТЕРИИ ВО ВОДАТА ВО СКОПЈЕ, истакна Ѓорѓиевски

Vecer | 12.08.2026

НЕМА БАКТЕРИИ ВО ВОДАТА ВО СКОПЈЕ, истакна Ѓорѓиевски
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

Ешерихија коли или било која друга бактерија нема во водата во Скопје.

Ова на денешната прес-конференција го истакна градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски.

-Скопје има една од петте најдобри води и извори во Европа. Не сум монструм кој ќе дозволи макар еден живот на моите сограѓани да биде загрозен. Секој ден на дневна основа се прават по 36 испитувања на примероци кои се земаат од разни локации во градот, истакна Ѓорѓеивски.

Додаде дека нема проблем со водоснабдувањето и притисокот во Градот.

По однос на масовното ширење на пораки по социјалните мрежи за тоа дека во водата од градскиот водовод во Скопје е пронајдена ешерихија коли, Ѓорѓиевски нагласи дека се работи за организиран напад од опозицијата.

-Ова е за ширење на хистерија, рамно на терористички напад. Се сумираат сите профили на социјалните мрежи и уредно во текот на денот ќе бидат доставени во МВР да се постапи соодветно по истите, нагласи Ѓорѓиевски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk