Македонија со најниска инфлација од земјите во регионот, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ успешно се справува со поскапувањата и цените ги задржа на најниско можно ниво, наведува ВМРО-ДПМНЕ.
„Додека светот се соочува со ценовни шокови, со преземените владини мерки за време на енергетската криза предизвикана од војната во Иран, состојбата во државата остана стабилна и контролирана“, додаваат од партијата.
„Државниот завод за статистика потврди дека годишната инфлација во јуни месец се намали и изнесува 3,4%, додека пак, споредено со претходниот месец мај се забележува намалување од 0,5 проценти, а за 0.8 проценти се намалил индексот на цените на мало во јуни.
Друг податок кој претставува посебно задоволство и успех е фактот што инфлацијата кај храната и безалкохолните пијалаци изнесува 2,5%, додека кај облека и обувки е 2,1%.
Наспроти хистеријата и прогнозите на опозицијата и нивните сателити, овие статистички податоци се потврда дека цените на прехранбените производи и безалкохолните пијалаци се држат на стабилно ниво.
Ова се охрабрувачки бројки и потврда дека преземените и спроведени владини мерки во услови на најголемата енергетска криза, ги дадоа посакуваните резултати и ефекти.
Тие што сакаат да креираат паника и лажна перцепција во јавноста уште еднаш се поразени од бројките и од релевантните институции, како што е ДЗС.
Благодарение на брзата реакција на Владата, во Македонија се одржа нивото на најниски цени во регионот, додека светот се соочуваше со ценовни шокови на нафтените деривати.
Потврда дека владата успешно се справува и спроведува мерки за време на оваа енергетска криза, дојде и од ММФ, кој посочи дека по преземените мерки за ублажување на последиците од високите цени на горивата, Македонија е во топ трите земји“, се наведува во партиското соопштение.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата