Сестринството од Матка со покана до верниците: ДОПОЛНИТЕЛЕН ПРЕВОЗ ЗА ЗАЕДНИЦА И ПРАЗНИЧНА РАДОСТ НА 28 АВГУСТ

Vecer | 19.08.2026

Сестринството од Матка со покана до верниците: ДОПОЛНИТЕЛЕН ПРЕВОЗ ЗА ЗАЕДНИЦА И ПРАЗНИЧНА РАДОСТ НА 28 АВГУСТ
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

По повод Успението на Пресвета Богородица (28 август) за претстојната манастирска слава, ќе биде обезбеден дополнителен организиран превоз за сите верници и посетители до манастирот „Успение на Пресвета Богородица“ – Матка.

Покрај редовната автобуска линија бр. 60, ќе сообраќа и дополнителен автобус по потреба до Полициската станица Матка.

Оттаму, посетителите ќе бидат преземани со минибус до најблиската пристапна точка до манастирот – информираат монахињите од Манастирот „Успение на Пресвета Богородица“ – Матка.

– Со љубов ве очекуваме да ја споделиме празничната радост, Литургиски со соборна молитва и мир. Нека благословот на Пресвета Богородица биде со сите нас. На многаја лета!!! – посочуваат од сестринството.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk