logo
logo
logo

ОБВИНИТЕЛСТВОТО ДА ОТВОРИ ПРЕДМЕТ ПРОТИВ ФИЛИПЧЕ, повикуваат од ВМРО-ДПМНЕ

Vecer | 21.08.2026

ОБВИНИТЕЛСТВОТО ДА ОТВОРИ ПРЕДМЕТ ПРОТИВ ФИЛИПЧЕ, повикуваат од ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ го повикува Јавното обвинителство по допрен глас да отвори предмет и да го истражи непостапувањето на Венко Филипче додека бил министер за здравство, во врска со анализите за квалитетот на водата, како во Гостивар, така и низ државата.

„Документите и информациите доставени од свиркачи укажуваат дека биле направени околу 400 анализи за квалитетот на водата, кои ја покажале неисправна за пиење. Токму затоа, се поставува прашањето дали и зошто надлежните институции, предводени од тогашната власт на СДС, не презеле соодветни мерки. Граѓаните имаат право да знаат зошто не биле навремено информирани доколку водата не била безбедна, зошто проблемот со години не бил решаван и дали Филипче бил запознаен со извештаите, а сепак не постапил“, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Затоа, додаваат оттаму, „бараме Јавното обвинителство да ги провери сите анализи и документи, да утврди кој знаел и кој не постапувал и, доколку постои одговорност, таа да биде санкционирана“.

Никој не смее да биде заштитен поради политичка припадност или функција. Граѓаните заслужуваат одговори, одговорност, вистина и правда, порача ВМРО-ДПМНЕ.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk