logo
logo
logo

ХРВАТСКИОТ ПРЕМИЕР, ПЛЕНКОВИЌ, денеска во Македонија

Vecer | 26.05.2026

ХРВАТСКИОТ ПРЕМИЕР, ПЛЕНКОВИЌ, денеска во Македонија

Премиерот на Хрватска, Андреј Пленковиќ, денеска ќе престојува во официјална посета на земјава.

Негов домаќин ќе биде премиерот Христијан Мицкоски, кој заедно со министрите ќе го пречека Пленковиќ на охридскиот аеродром „Свети Апостол Павле“ околу 10 часот утринава.

По пречекот, предвидена е тет-а-тет средба помеѓу Мицкоски и Пленковиќ во премиерската вила во Охрид, а околу 11:15 часот е најавена владина билатерална средба што ќе се одржи во хотел „Инекс Олгица“.

Според агендата, потоа е предвидено македонскиот и хрватскиот премиер да потпишат договори за стратешка соработка помеѓу двете земји, а македонското Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини и хрватското Министерство за економија да потпишат меморандум за соработка.

Заедничка прес-конференција на Мицкоски и Пленковиќ е закажана за 12:30 часот.

За време на престојот на премиерот Андреј Пленковиќ и хрватската делегација во Македонија предвидена е и бизнис средба на сопственици на компании од двете држави.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk