logo
logo
logo

Грчка пратеничка го критикуваше градоначалникот на Лерин - ЗА МАКЕДОНСКАТА ПЕСНА

Vecer | 28.12.2025

Грчка пратеничка го критикуваше градоначалникот на Лерин - ЗА МАКЕДОНСКАТА ПЕСНА

Грчката пратеничка Теописти Пети Перка, во својот јавен настап во грчкиот парламент, го критикуваше градоначалникот на Лерин Василеос Гианакис за, како што оцени, постапката на цензура пред одржувањето на традиционалниот локален „Празник на огновите“ во Лерин (Флорина).

Пратеничката од партијата Нова Левица, Пети Перка посочи дека младата музилка група Ендопика”, која требаше да настапи на плоштадот кај судниците, била спречена да ги изведува своите песни со текст, поради незадоволство на градоначалникот или притисоци од интересни кругови.

– Не смее да се дозволи мракот и национализмот да го потисне културното наследство, традицијата и уметничкото изразување на нашата заедница. Музичката традиција, локалните мотиви и дијалектите се живи елементи на историјата и културната разновидност, тоа не претставува закана – нагласи Перка, која претходно беше пратеничка на Сириза, но во 2003 година ја напушти партијата и учествуваше во основањето на Нова Левица.

Пратеничката Перка го повика градоначалникот и локалните функционери да се помират со напредокот и да ги остават на страна цензурата и екстремистичките влијанија, потенцирајќи дека демократијата и културата ги прифаќаат музиката и јазикот, а не ги потиснуваат.

Градоначалникот на Лерин го прекина настапот на групата „Ендопика“ за време на прославата „Празник на Огновите“, наспроти Божиќ според Грегоријанскиот календар, откако музичарите почнаа да пејат песна на македонски јазик.

Познавачите на приликите во Грција посочуваат дека, и покрај ваквиот принципиелен настап на пратничката Перка, таа не го спомна македонското малцинство, ниту македонскиот јазик, туку зборува за „локален дијалект“. И таа, како и сите останати грчки политичари, не го прифаќа постоењето на македонска нација и македонски јазик во Грција, и покрај Преспанскиот договор од 2018 година.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk