logo
logo
logo

По безмалку месец дена водата во Гостивар е безбедна за конзумација

Vecer | 14.08.2026

По безмалку месец дена водата во Гостивар е безбедна за конзумација

Од денеска водата во Гостивар е безбедна за пиење - информира на прес конференција директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов, шеф на Главниот штаб за управување со кризи.

Претходно за најновите информации поврзани со водата за пиење од гостиварскиот водовод седница одржа Главниот штаб за управување со кризи.

Со ова, Гостиварци по речиси еден месец конечно добија вода за пиење.

„На последните добиени резултати водата е миркобилошки и бактериолошки исправна. Со тоа се исполнети условите водата повторно да се користи за пиење“ - изјави директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Оливер Миланов.

На граѓаните им се порачува пред да ја користат водата за пиење, таа добро да истече од чешмите. Забраната беше издадена на 17 јули поради загаденост на водата со фекалии и превисока концентрација на хлор.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk