logo
logo
logo

КОСОВАР САКАЛ ДА ПРОШВЕРЦУВА 7 ЗМИИ, од кои четири питони и еден гуштер - падна на Богородица

Vecer | 10.10.2026

КОСОВАР САКАЛ ДА ПРОШВЕРЦУВА 7 ЗМИИ, од кои четири питони и еден гуштер - падна на Богородица

Царински службеници на граничен премин Богородица запленија седум млади змии, од кои четири питони и еден гуштер, откако истите во соработка со полициски службеници беа откриени при контрола на возило управувано од косовски државјанин.

Со намера да нелегално да ги внесе во државава, сторителот, змиите претходно спакувани во кутии и марами ги скрил под седиштето. Главно станува збор за заштитени видови, два питони од видот „Carpet Spilota”, еден питон од видот „Short tailed”, еден питон од видот „Brandly Carpet”, една змија „Chinese Ring rat”, како и од „Raticulated Super Dwarf”. Воедно меѓу запленетите змии е и отровна змија „Baron sneake”.

Влекачите ќе бидат предадени на надлежните институции, а против сторителот од страна на Царинска управа е поведена соодветна постапка.

Потенцираме дека заштитените видови се строго регулирани со задолжителни дозволи согласно Конвенцијата за меѓународна трговија со загрозени видови на дива флора и фауна и секој внес без овие дозволи се смета за недозволен внес.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk