logo
logo
logo

НЕМА ПОМЕСТУВАЊЕ НИТУ МИЛИМЕТАР - ЕУ останува стратешка цел, рече премиерот Мицкоски

Vecer | 14.10.2026

НЕМА ПОМЕСТУВАЊЕ НИТУ МИЛИМЕТАР - ЕУ останува стратешка цел, рече премиерот Мицкоски

Европската Унија останува стратешка цел на државата и во тој поглед нема никакво поместување, порача премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на пратеничко прашање од пратеничката Арбана Пашоли од Европскиот фронт за стратегијата на Владата за деблокирање на евроинтегративниот процес и отворањето на преговарачките поглавја.

-Европската Унија останува наша стратешка цел и тука нема поместување ниту милиметар. Ние сакаме тој процес, како што сме кажале многупати во минатото, да го почнеме и да го завршиме, не само да го почнеме. Гледате како се менува постепено реториката во Парламентот од седница во седница, од месец во месец, од година во година, кога и самите вие велевте дека ова е решение за членство, сега велите дека е решение за почеток на преговори, што е точно, ова е решение за почеток на преговори - истакна Мицкоски.

Тој нагласи дека Владата води дијалог со Бугарија и понуди опозицијата да биде директно вклучена во процесот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk