logo
logo
logo

ЧАД И МИРИЗБА НАД СТРУМИЧКО: Гори депонијата во Еднокуќево

Vecer | 21.10.2026

ЧАД И МИРИЗБА НАД СТРУМИЧКО: Гори депонијата во Еднокуќево

Чадот предизвикан од пожарот во депонијата во село Еднокуќево се чувствува и во околината на Струмица и покрај интервенцијата на поожарникари, информираа од ТППЕ Струмица.

Во информацијата се наведува дека екипите на струмичките пожарникари вчера интервенирале двапати, во попладневните и ноќните часови.

– Денес, уште од раните утрински часови, пожарникарите-спасители повторно се на терен и интервенираат со цел локализирање и гаснење на пожарот, информираа од ТППЕ Струмица.

Според информациите од градоначалникот на Општина Босилово, Ристо Манчев, во текот на денешниот ден се очекува да започнат активности за расчистување и затрупување на депонијата со помош на соодветна механизација, со цел да се изгасне пожарот и да се спречи негово повторно разгорување.

Струмичките пожарникари посочуваат дека пожарите на депониите не претставуваат само опасност од ширење на огнот, туку предизвикуваат и загадување на воздухот со чад и непријатна миризба што се шират и до околните населени места , а пожарот на депонија не завршува секогаш кога пламенот ќе се изгасне. Тлеењето во длабочината на отпадот може повторно да го активира огнот и да бара долготрајни интервенции.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk