Народната банка на Македонија (НБРМ) поднела две кривични пријави до Основното јавно обвинителство (ОЈО).
Првата кривична пријава е поднесена против Андреј Жерновски, додека втората се однесува на претседателот на СДСМ и поранешен министер за здравство, Венко Филипче, потоа Александар Димитријевиќ и Александар Трајановски, а се поврзани со случувањата и трансакциите околу Алта банка.
Официјални детали за конкретните законски членови и причините за поднесување на овие пријави се очекуваат во текот на денот.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата