logo
logo
logo

ОД ТОВАР ДО РЕШЕНИЈА – БЕЗБЕДНА ХРАНА НАСЕКАДЕ: АХВ одбележува јубилеј и Светски ден на безбедноста на храната

Vecer | 04.06.2026

ОД ТОВАР ДО РЕШЕНИЈА – БЕЗБЕДНА ХРАНА НАСЕКАДЕ: АХВ одбележува јубилеј и Светски ден на безбедноста на храната

Агенцијата за храна и ветеринарство денеска организира настан на кој ќе ги одбележи 15-годишнината од основањето и 7 јуни – Светскиот ден на безбедноста на храната кој годинава се одржува под мотото „Од товар до решенија – Безбедна храна насекаде“.

На настанот, посветен на унапредувањето на системот за безбедност на храната, здравјето и благосостојбата на животните и заштитата на јавното здравје, како и на промовирање на современи пристапи и решенија за справување со актуелните предизвици во овие области, воведни обраќања ќе имаат директорот на АХВ Оливер Миланов и заменик претседателот на Владата за политички систем Љупчо Димовски.

Видеопораки ќе бидат презентирани од претставници на Европската агенција за безбедност на храната (EFSA), Европската комисија и Светската организација за здравје на животните (WOAH).

Во рамки на настанот ќе се одржат три тематски тркалезни маси посветени на дигитализацијата и современите системи за безбедност на храната, институционалната, научната и регионалната соработка во обезбедувањето безбедна и квалитетна храна, како и за регионалната координација во областа на здравјето на животните и справувањето со новите закани и болести.

Од АХВ велат дека настанот ќе обедини претставници на државни институции, меѓународни организации, академската заедница, граѓанскиот сектор и професионалните здруженија од земјата и регионот со цел размена на искуства и добри практики за понатамошно зајакнување на системот за безбедност на храната.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk