logo
logo
logo

КРАЈ НА ЗЛОУПОТРЕБИТЕ СО БОЛЕДУВАЊА - Контролор ќе ви тропне на врата!

Vecer | 14.09.2026

КРАЈ НА ЗЛОУПОТРЕБИТЕ СО БОЛЕДУВАЊА - Контролор ќе ви тропне на врата!

Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) ќе предложи измени на Правилникот за боледување и на критериумите за контрола, со цел да се спречат евентуални злоупотреби и средствата да стигнат до оние на кои навистина им се потребни.

Една од предложените измени предвидува матичните лекари да можат да издаваат боледување до пет дена, наместо досегашните седум. Истовремено, ќе се олесни постапката за лицата кои поради здравствената состојба не се во можност физички да дојдат за да отворат боледување.

„Новина е што согласно извештајот на контролорот, издаденото лекарско иследување за лекарско боледување од страна на лекарска комисија, ќе може да се дополнително ревидира. Боледувањата секогаш се сензитивни за јавноста. Меѓутоа, идејата е да го превенираме правото на боледување, но и да спречиме злоупотреба во рамки на искривување на боледувањето, поради тоа што Фондот за здравствено осигурување за 2026 година во рамки на својот буџет има предвидено 6 милијарди и 454 милиони денари средства коишто се наместени за боледувања и за породилно отсуство. Тоа е значителна сума и во таа насока мораме да го затегнеме системот нa контрола“, кажа Перински.

Директорот на ФЗО, Златко Перински, појасни дека контролите ќе можат да се вршат по случаен избор, но и по пријава од работодавач. Контролорот ќе може да го посети осигуреникот на домашната адреса додека е на боледување.

Доколку лицето не биде пронајдено дома, контролорот ќе остави документ со кој ќе биде повикано да се јави пред соодветната лекарска комисија и да објасни зошто не било на местото каде што го користи боледувањето. За утврдените случаи ќе бидат известени и работодавачите.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk