logo
logo
logo

НЕ ТЕРБА ДА ВОЗИ ТАКСИ ПОСТАРО ОД 15 ГОДИНИ. Безбедноста на корисниците е во прашање

Vecer | 12.06.2026

НЕ ТЕРБА ДА ВОЗИ ТАКСИ ПОСТАРО ОД 15 ГОДИНИ. Безбедноста на корисниците е во прашање

Групацијата на автотакси превоз на Град Скопје соопшти дека авто такси превозот во Скопје се соочува со сериозни поблеми и апелира надлежните институции да преземат мерки за нивно надминување.

- Девет години наназад се наталожуваат бројни нерешени прашања кои директно влијаат врз работата на авто такси превозниците, безбедноста на патниците, нереална наплата на такси услугите.... И покрај бројните укажувања и иницијативи, институциите се уште немаат реагирано за надминување на проблемите - соопшти денеска Групацијата на автотакси превоз на Град Скопје, посочувајќи дека испратиле барања и предлог за решавање на проблемите до Град Скопје на 17 февруари годинава, а на 19-ти минатот месец и до Владата.

Од една страна, се вели во соопштението, имаме поплаки од граѓаните дека недостасуваат такси возила во Скопје, таксиметрите се диво штелувани и ги крадат патниците, имаме непријавени вработени такси возачи, диви такси возила без лиценца, а од друга страна Градот почнува да не издава и продолжува лиценци на постари возила од 2011 година, без никаква официјална најава ниту пак се дава разумен рок како секаде, за да можат таксистите да се прилагодат.

Ова значи дека стотици возила нема да работат. Секаде во Европа условите се врзуваат за еколошки стандарди Еуро 4 , а во високоразвиените неколку Европски земји Еуро 5 , па сега веќе и Еуро 6 .Самите баравме да се исфрлат Еуро1,2 и 3 и да се даде 1 година рок за прилагодување. Начинот на кој што сега се постапува не е добар . Сите таксисти знаат зошто се прави ова - да има доволно возачи на улица за да мора да рентаат коли од 3 фирми. Револтот кај таксистите со право е многу голем , сега се во постојан контакт со Синдикатот со кого го договараат начинот, датумот и местото на протестот деновиве, за кој претходно ќе биде најавено, се вели во соопштението.

Групацијата во барањето упатено до Владата бара заложба од премиерот и координација помеѓу повеќе институции. Наведува дека бара Министерството за транспорт да направи измени и дополнување на Законот за превоз во патниот сообраќај во делот на Членот 8 точка 3 која, велат, треба да важи и за авто такси превозниците како што беше до 2018 година :

,, - да има вработено во работен однос возачи во зависност од бројот на моторните возила, минимум еден возач по моторно возило што ги исполнуваат условите пропишани со прописите за безбедност на сообраќајот на патиштата; Во Законот да им се дадат поголеми овластувања на сообраќајните инспектори од Град Скопје да можат на терен да контролираат и дали е вработен авто такси возачот, дали е уредно штелуван таксиметатот , со пломба и сертификат итн.

Бараат рудовата инспекција да излезе на улица со асистенција на МВР за да ги контролира авто такси возачите. поради нелојалната конкуренција од непријавените авто такси возачи, а Државниот пазарен инспекторат - да изврши контрола на таксиметрите на лице место во авто такси возилата поради жалбите од граѓани кои користат такси услуги дека има таксисти и такси компании на кои таксиметарот им покажува многу повеќе од утврдената цена.

Управата за јавни приходи, пак, да изврши проверка на такси компаниите кои бараат поврат на ДДВ, дали бројот на предадени извештаи од фискални таксиметри содејствувал со бројот на вработени авто такси возачи во истото друштво, бидејќи, велат во барањето, секојдневно години наназад се соочуваме со непријавени такси возачи во поголемите такси компании, кои претпоставените ги тераат да им носат сметки за гориво и трошоци. Ова создава нелојална конкуренција кон оние кои регуларно се во редовен работен однос и плаќаат придонеси, а и лажна слика дека такси друштва многу заработуваат и имаат голем поврат на ДДВ.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk