logo
logo
logo

СЕПТИЧКИТЕ ЈАМИ И ОТПАДИ СО ГУМИ, опасност за ширење на западнонилска треска

Vecer | 21.08.2026

СЕПТИЧКИТЕ ЈАМИ И ОТПАДИ СО ГУМИ, опасност за ширење на западнонилска треска

Здравствените власти упатија итно предупредување до сите граѓани за главните жаришта и ризични подрачја каде што масовно се размножуваат комарците преносители на западнонилската треска.

Како што наведе на денешната прес конференција министерот за здравство, Сашо Клековски, како најопасни критични точки во населените места се издвојуваат локациите со септички јами, бидејќи застоена вода и високото ниво на органски материи претставуваат најголем ризик за брз развој на заразените инсекти.

Друга критична точка се отпадите за стари гуми, кои поради насобраната вода во нив служат како идеални и скриени места за престој и несење јајца на комарците. Исто така, ископите од песок полни со вода претставуваат директна закана за ширење на овој вирус.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk