37-годишен жител на Кочани бил приведен откако учествувал во сообраќајна незгода со „БМВ“, по што го напуштил местото на настанот.
Инцидентот се случил на 28 октомври, а по преземените полициски мерки, мажот бил пронајден. При проверките било утврдено дека управувал со возилото пред да се стекне со право на управување моторно возило, а и сообраќајната дозвола му била со истечена важност.
За случајот бил известен јавен обвинител, а по целосното документирање се очекува да следува соодветна пријава.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата