logo
logo
logo

Орхан Муртезани е новиот македонски амбасадор во НАТО

Vecer | 19.08.2026

Орхан Муртезани е новиот македонски амбасадор во НАТО

Министерот за европски прашања Орхан Муртезани презема нова функција, постојан претставник на Македонија во НАТО. Муртезани ја обзнани веста преку објава на социјалните мрежи.

Тој вели дека новата функција претставува ново професионално поглавје за него, но и продолжување на истата посветеност кон зајакнување на позицијата на земјата во евроатлантското семејство.

„Нова задача, иста одговорност“, објави Муртезани, нагласувајќи дека негова цел ќе биде Македонија да биде безбедна држава, сигурен сојузник и земја што има свој глас и придонес во НАТО.

Тој исто така нагласи дека во време кога безбедноста не може да се земе здраво за готово, членството во НАТО носи не само привилегии, туку и одговорност.

„За мене, ова е ново професионално поглавје, но во исто време и продолжување на истата посветеност – Македонија да биде безбедна, сигурен сојузник и држава што има свој глас и придонес во евроатлантското семејство“, нагласи Орхан Муртезани.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk