КИДНАПИРАНА БАБАТА на Ива Михајлова?! Се огласи и МВР

Vecer | 11.11.2026

КИДНАПИРАНА БАБАТА на Ива Михајлова?! Се огласи и МВР
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

Ива Михаилова, која избега во Бугарија кога требаше да ѝ се суди за смртта на човек кого го прегазила со автомобил, а во Софија се жали дека била дискриминирана поради тоа што имала изваден бугарски пасош, сега тврди дека нејзината баба, Илинка Кушовска, била „киднапирана“ на граничниот премин „Делчево“, кога се обидувала да влезе во Македонија, пишуваат бугарските медиуми.

Михајлова тврди дека баба ѝ повеќе од седум часа била недостапна, дека „македонските служби“ незаконски ја задржале, а сето тоа го нарече „државен тероризам“.

Наспроти ова, од МВР за „Скопје1“ потврдиле дека полицијата ја задржала жената на информативен разговор, кој траел два часа, по што таа непречено влегла во Македонија.

„Постапувајќи по насоки на надлежен јавен обвинител, на граничниот премин Делчево, на 10.11.2026. во временскиот период од 11:20 до 13:20 часот, со наведеното лице е извршен службен разговор. По завршувањето на разговорот, лицето непречено остварило влез на територијата на РСМ“, велат од МВР за „Скопје1“.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk