logo
logo
logo

МАНАСТИРОТ НА МАТКА ПОДГОТВЕН ЗА УСПЕНИЕ НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА: Бдение, литургија и бесплатен превоз

Vecer | 26.08.2026

МАНАСТИРОТ НА МАТКА ПОДГОТВЕН ЗА УСПЕНИЕ НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА: Бдение, литургија и бесплатен превоз

Во петок православните христијани го одбележуваат еден од најголемите празници денот на Успението на Пресвета Богородица. Одбележувањето на празникот во манастирот кај Матка посветен на Успението на Пресвета Богородица започнува на 27 август со вечерната литургија, а потоа се одржува сеноќно бдение. Утрото на 28 август Божествената литургија по повод празникот започнува во 8:30 часот, а со неа ќе чиноначалствува Митрополит Австралиско-новозеландски Никола.

Верниците во манастирот почнуваат да пристигнуваат уште на 27 август во попладневните часови, а најбројни се на самиот ден на празникот. Ги има од секаде. Од Скопје и околината, а за локалните жители од Горна и Долна Матка, од Сарај и околината, за ѓорчепетровци…ова е традиција што не смее да се заборави.

Во дворот на манастирот традиционално се одржува и крводарителска акција, а за верниците се подготвува и манастирски ручек.

Она што е новина годинава, е што по повод Успението на Пресвета Богородица (28 август) за претстојната манастирска слава, ќе биде обезбеден дополнителен организиран превоз за сите верници и посетители до Манастирот во Матка.

Покрај редовната автобуска линија бр. 60, ќе сообраќа и дополнителен автобус по потреба до Полициската станица Матка. Оттаму, посетителите ќе бидат преземани со минибус до најблиската пристапна точка до манастирот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk