ОПАСНОСТ ЗАД ЕКРАНИТЕ!

„КАЖИ НЕ!“ Кампања за заштита на децата од злоупотреба на интернет

Vecer | 19.11.2026

„КАЖИ НЕ!“ Кампања за заштита на децата од злоупотреба на интернет
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

Министерството за внатрешни работи, во соработка со Европол и полициските служби од регионот, спроведува меѓународна кампања „Кажи не!“ за подигнување на свеста за сексуалната злоупотреба на деца во дигиталниот простор и заштита на децата и младите од опасностите на интернет.

Како што информираат од МВР, сексуалната злоупотреба на деца во дигиталниот простор е сериозен облик на криминал, кој може да остави долгорочни последици врз жртвите.

Споделувањето фотографии и видеоматеријали, комуникацијата со непознати лица и злоупотребата на стекнатата доверба се дел од ризиците на кои се изложени децата и младите при користењето интернет.

Целта на кампањата е да се подигне свеста кај децата, младите, родителите и пошироката јавност за препознавање и спречување на сексуалната злоупотреба во дигиталниот простор.

Од МВР нагласуваат дека заштитата на децата е заедничка одговорност и оти информираноста, внимателноста и навременото пријавување се важни чекори во спречувањето на злоупотребата.

„Кажи НЕ на злоупотребата. Кажи НЕ на споделувањето интимни содржини. Заштити се и себеси и другите!“, порачуваат организторите на кампањата.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk