Откако МВР обезбеди база на податоци за странски возила почна и наплата на казните за брзо возење и други сообраќајни прершоци и неверојатно е колку многу сообраќајни прекршоци се констатирани, однсно наплатени, за само два дена.
Системот „Безбеден град“ за само неколку месеци евидентирал повеќе од 310 илјади сообраќајни прекршоци, а податоците покажуваат дека значителен дел од нив се направени од возила со странски регистарски ознаки.
Од 2 февруари до 20 август 2026 година, во системот се регистрирани вкупно 310.865 прекршоци, од кои дури 301.835 се однесуваат на пречекорување на дозволената брзина.
Особено впечатлив е податокот за возилата со странски регистарски ознаки. Од почетокот на функционирањето на „Безбеден град“ до 20 август, регистрирани се 180.378 прекршоци од возила со странски таблици.
Тоа значи дека повеќе од половина од сите евидентирани прекршоци – околу 58 отсто – се направени од возила со странски регистарски ознаки.
Само во периодот од 19 до 20 август, системот регистрирал дополнителни 5.514 прекршоци од возила со странски таблици.
Бројките се јасна порака дека сообраќајните правила мора да се почитуваат подеднакво од сите учесници во сообраќајот – без разлика дали станува збор за домашни или странски возила.
Од МВР апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат правилата и прописите и заеднички да придонесат за побезбедни патишта.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата