logo
logo
logo

ДЕН НА ОДЛУКА - денешните резултати ќе покажат што понатаму со водата во Гостивар!

Vecer | 12.08.2026

ДЕН НА ОДЛУКА - денешните резултати ќе покажат што понатаму со водата во Гостивар!

Количината на хлор во водоводната мрежа постепено се намалува, а од денешните најнови анализи зависи дали по речиси еден месец граѓаните конечно ќе можат да ја користат водата од чешма за пиење.

Од Кризниот штаб велат дека последните контролни мерења потврдиле оти во водата веќе нема присутни бактерии, поради што е дадена насока за намалување на дозата хлор што се користеше за интензивна дезинфекција.

За максимална точност и сигурност, трите ангажирани лаборатории на секои 12 часа земаат примероци од седум идентични локации. Според Џелили, резултатите од сите три лаборатории целосно се преклопуваат и ја потврдуваат постапната стабилизација на состојбата.

Додека граѓаните го чекаат конечното зелено светло за пиење на водата, надлежните органи ја продолжуваат истрагата за причините кои доведоа до загадувањето.

Од Јавното обвинителство информираат дека постапката е во интензивна фаза — веќе е обезбеден и се анализира голем дел од материјалните докази, а испитани се и повеќе сведоци. Во рамки на истрагата, по наредба на јавниот обвинител, Управата за финансиска полиција ја одзеде и веќе ја чешла документацијата поврзана со финансирањето и трошењето на средствата од проектот за водоснабдување.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk